Кошарка
24. April 2016 - 9:34

НБА плеј оф: Втора победа на Оклахома на теренот на Далас

Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска ја постигнаа и втората победа на теренот на Далас и поведоа со 3-1 во првото коло од плеј офот и се на една победа од пласман во следната рунда. Шест играчи на Оклахома имаа двоцифрен број поени.

Оклахома славеше со 119:108.
На другите три натпревари одиграни ноќеска победија домашните екипи. Индијана го совлада Торонто со 100:83 и изедначи на 2-2 во победи. Шарлот беше подобар од Мајами (96:80), а Портланд од ЛА Клиперс (96:88) и овие две екипи намалија на 2-1 во победи.