Кошарка
7. May 2016 - 8:31

НБА плеј оф: Сан Антонио го врати „брејкот“, Кливленд поведе со 3-0

Кошаркарите на Сан Антонио и на Кливленд ги добија третите натпревари од полуфиналето на конференциите против Оклахома Сити односно Атланта на гостински терен.

Сан Антонио го врати „брејкот“ и победи против Оклахома Сити со 100:96, а Леонард беше најефикасен со 31 поен, а имаше и 11 скокови како и решвачкиот по промашувањето на Олдриџ во последните секунди. 31 поен постигна и Вестбрук од Оклахома Сити.
Сан Антонио води со 2-1 во победи.
 
Кливленд ја продолжи серијата победи и ја совлада Атланта на гости со 121:108. Најпрецизен беше Фрај со 27 поени, Џејмс и Ирвинг постигнаа по 24.
Кливленд има предност од 3-0 и е на една победа до пласман во финалето на Исток.
 
Вечерва се играат натпреварите број 3 Мајами - Торонто (1-1 во победи) и Портланд - Голден Стејт (0-2).