Кошарка
30. April 2016 - 10:25

НБА плеј оф: Портланд во конференциско полуфинале против Голден Стејт

 
Кошаркарите на Портланд ноќеска во натпреварот број 6 од првото коло од плеј офот остварија победа од 106:103 над ЛА Клиперс и изборија пласман во конференциското полуфинале каде ќе играат против шампионот Голден Стејт. Дамиан Лилард кај Портланд со 28 поени беше најпрецизен, додека на дуелот најефикасен беше Џамал Крафорд со 32 поена, но не го реализираше последниот напад за изедначување на својот тим. Портланд во серијата беше подобар од ЛА Клиперс со 4-2 во победи. ЛА Клиперс последните два натпревара од серијата ги играше без повредените Крис Пол и Блејк Грифин.
 
На другите два натпревара одиграни екипите на Индијана и Мајами се изборија за мајсторки. Индијана дома го победи Торонто со 101:83, додека Мајами славеше на теренот на Шарлот со 97:90. Резултатот во победи на двата дуела е 3-3. Решавачките натпревари се играа во недела вечер.