Кошарка
11. May 2016 - 8:31

НБА плеј оф: Оклахома Сити поведе против Сан Антонио (3-2)

Кошаркарите на Оклахома Сити со ноќешната победа над Сан Антонио во натпреварот број 5 од полуфиналето поведоа со 3-2 во добиени натпревари и се на една победа од финалето на Запад. До „брејкот“ стигнаа откако во последната четвртина направија пресврт и ја добија со 26:19 за победа од 95:91.

Најдобар поединец на дуелот беше Расел Вестбрук со 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Кевин Дјурант постигна 23 поени.
 
Следниот натпревар Оклахома Сити го игра на домашен терен во четврток на 12.мај.
 
Вечерва играат: Голден Стејт - Портланд (3-1 во победи) и Торонто - Мајами (2-2).