Кошарка
3. May 2016 - 8:33

НБА плеј оф: Оклахома Сити изедначи против Сан Антонио

 

Кошаркарите на Оклахома Сити го изедначија резултатот во победи (1-1) против Сан Антонио откако ноќеска во натпреварот број 2 победија на гости 98:97. Тие сосема заслужено стигнаа до триумфот особено што водеа во текот на целата последна четвртина. Тандемот Расел Вестбрук и Кевин Дјурант беа најзаслужни за победата . Вестбрук постигна 29 поени, а Дјурант 28.

На првиот натпревар од дуелот меѓу Кливленд и Атланта, домашниот тим победи со 104:93 и поведе во серијата со 1-0.  Леброн Џејмс кај Кливленд постигна 25 поени, а најефикасен беше Денис Шредер од Атланта со 27.
 
Вечерва се играат два натпревара: Торонто - Мајами (прв натпревар) и Голден Стејт - Портланд (1-0 во победи).