Кошарка
26. April 2016 - 8:24

НБА плеј оф: Оклахома Сити го елиминира Далас

Тандемот Расел Вестбрук - Кевин Дјурант донесе уште една победа за Оклахома над Далас во првата рунда од плеј офот и со тоа Оклахома се пласира во конференциското полуфинале. Оклахома ноќеска славеше победа од 118:104 и со 4-1 во победи го обезбеди полуфиналето против Сан Антонио.

Вестбрук натпреварот го заврши со 36 поени, а Дјурант постигна 33.
На другите два дуела одиграни ноќеска: Шарлот - Мајами 89:85 (2-2 во победи) и Порланд - ЛА Клиперс 98:84 (2-2).
Вечерва се играат натпреварите број 5 од дуелите: Торонто - Индијана (2-2) и Атланта - Бостон (2-2).