Кошарка
2. May 2017 - 7:54

НБА плеј оф: Кливленд и Хјустон поведоа со 1-0

Екипите на Кливленд и на Хјустон поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј офот. Кливленд на домашен терен го совлада Торонто со 116:105, додека Хјустон направи изненадување со триумфот на теренот на Сан Антонио со 126:99.

Кливленд предводен од Леброн Џејмс, кој постигна 35 поени стигнаа до првата победа или петта во серија сезонава во плеј офот. Домашниот тим по три четвртини имаше водство од 96:74.
Хјустон со 22 тројки од 50 обиди успеа да го совлада Сан Антонио. Во редовите на Хјустон дури шест играчи имаа двоцифрен број поени, а тројца од нив 20 и повеќе: Тревор Ариза 23, Клинт Капела и Џејмс Харден по 20.