Кошарка
20. May 2016 - 9:25

НБА плеј оф: Кливленд е без пораз во доигрувањето

Екипата на Кливленд ја постигна 10.та победа во плеј офот оваа сезона во исто толку одиграни натпревари. Со овој триумф Кливленд го изедначи рекородот на ЛА Лејкерс од 1989 година и 2001 година и на Сан Антонио од 2012 година.

Ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 108:89 (30:28; 32:20; 24:21 и 22:20) и поведе со 2-0 во добиени натпревари.
Предводник до победата беше Леброн Џејмс, кој дуелот го заврши со „трипл-дабл“ 23 поени и по 11 скокови и асистенции. Кајри Ирвинг постигна 26 поњни, а Кевин Лав 19.
Следниот натпревар се игра во Торонто во сабота на 21.мај.