Кошарка
9. May 2017 - 11:54

НБА плеј оф: Голден Стејт по стапките на Кливленд

Кошаркарите на Голден Стејт со ноќешната победа над Јута со 121:95 го совладаа противникот во полуфиналето на плеј офот и со тоа обезбедија пласман во финалето на Западната конференција. Голден Стејт идентично како и во првото коло против Портланд и Јута ја “доби“ со 4-0 во победи. Со две победи од 4-0 и шампионот Кливленд претходно обезбеди финале на „Исток“.
Решавачка за последниот триумф беше првата четвртина, која Голден Стејт ја доби со 39:17. Најефикасен на дуелот беше Стеф Кари со 30 поени, додека Дрејмонд Грин имаше „трипл-дабл“: 17 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
Противник во финалето на „Запад“ ќе им биде победникот од второто полуфинале меѓу Сан Антонио и Хјустон. Моменталниот резултат е 2:2 во победи.