Кошарка
21. May 2017 - 10:04

НБА плеј оф: Голден Стејт лесно до 3-0 против Сан Антонио

Кошаркарите на Голден Стејт ја постигнаа третата победа во финалето на Запад и поведоа со 3:0 против Сан Антонио. Со исклучок на крајот на првиот период и почетокот на вториот кога водеше Сан Антонио, Голден Стејт имаше водство во остатокот од натпреварот.

Најдобар на дуелот беше Кевин Дјурант со 33 поени од кои 19 ги постигна во третиот период. Комплетната стартна петорка на Голден Стејт имаше двоцифрен број поени.
Голден Стејт е третиот тим во лигата што има победи на првите 11 натпревари во плеј офот.
Во редовите на Сан Антонио покрај поврдените Каваи Ленард и Тони Паркер, се повреди и Дејвид Ли.