Кошарка
20. August 2020 - 10:51

НБА плеј-оф: Далас и Јута го израмнија резултатот

Јута џез и Далас маверикс израмнија на 1-1 во плеј-оф сериите против Денвер Нагетс, односно Лос Анџелес Клиперс.
 
Јута славеше над Денвер нагетс со 124:105. Џезерите до победата ги предводеа Донован Мичел со 30 поени и осум асистенции, односно Џордан Кларкстон со 26 поени. Кај Денвер Никола Јокиќ забележа 28 поени, 11 скокови и шест асистенции, ист број  поени постигна Мајкл Портер јуниор.
 
 
Далас во дуелот со Клиперс забележаа победа 127:114. Маверикс до победата ги предводеше Лука Дончиќ (28 поени), на спротивната страна се истакна Каваи Ленард со 35 поени и 10 скокови.