-->
-->
НБА: Објавена најдобрата петорка сезонава
-->
Во НБА лигата ноќеска немаше натпревари, но затоа беа објавени најдобрите петорки за сезонава. Во „првата петорка“ се најдоа: Џејмс Харден (Хјустон – 500 гласови), Леброн Џејмс (Кливленд - 498), Расел Вестбрук (Оклахома Сити - 498), Кавај Ленард (Сан Антонио - 490) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс - 343).
Харден ги доби сите 500 гласови за член на најдобрата петорка, додека Џејмс е избрано по 11.ти пат и со тоа се изедначи со Коби Брајант и Карл Мелоун.
Во „втората петорка“ изненадувачки има двајца играчи од Голден Стејт, кои не се најдоа во „најдобите пет“: Стеф Кари и Кевин Дјурент, а покрај нив се уште Ајзеа Томас (Бостон), Јани Антетокунбо (Милвоки) и Руди Жобер (Јута).
Во „третиот тим“ се наоѓаат: Џон Вол (Вашингтон), ДеМар Де Розан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и ДеАндре Џордан (ЛА Клиперс).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште