Кошарка
6. December 2016 - 8:56

НБА: Ново „трипл-дабл“ шоу на Вестбрук

Шести трипл-дабл во серија на Расел Вестбрук во НБА лигата со што се доближи до само една успешна вечер со Мајкл Џордан кој го држи рекордот со седум трипл-дабл партии едно-подруго.

Бекот на Оклахома ја предводеше својата екипа во победата над Атланта од 102-99 со 32 поени, 13 скока и 12 асистенции.