Кошарка
22. December 2016 - 9:08

НБА: Ново шоу на Вестбрук

Кошаркарите на Оклахома брзо го заборавија поразот од Атланта и триумфираа во Њу Орлеанс со 121-110 во синоќешното издание од НБА лигата. 

Гледачите уживаа во ново шоу на Расел Вестбрук кој постигна 40 поени заедно со 10 скока и 7 асистенции. Кај домаќинот се истакна Дејвис со 34 поени и дури 15 скока. 
Резултати:
Кливленд - Милвоки 113:102,
Атланта - Минесота 84:92,
Детроит - Мемфис 86:98,
Чикаго - Вашингтон 97:107,
Њу Орлеанс - Оклахома 110:121,
Феникс - Хјустон 111:125,
Јута - Сакраменто 93:94,
Портланд - Далас 95:96.