Кошарка
4. March 2017 - 12:47

НБА: Нов рекорд на Кливленд

Актуелниот НБА шампион Кливленд постави нов рекорд по број на постигнати тројки на еден натпревар. „Кавалирс“ синоќа на дуелот со Атланта постигна 25 тројки и го урна досегашниот рекорд на Хјустон со 24 прецизни удари за три поени.
 
Најефикасни во триумфот на Кливленд беа Кајри Ирвинг со 43 и Леброн Џејмс со 38 поени.
 
Постигнати резултати:
 
Атланта – Кливленд 130:135,
 
Орландо – Мајами 110:99,
 
Филаделфија – Њујорк 105:102,
 
Вашингтон – Торонто 106:114,
 
Милвоки – ЛА Клиперс 112:101,
 
Далас – Мемфис 104:100,
 
Феникас – Оклахома 118:111,
 
Јута – Бруклин 112:97,
 
Њу Орлеанс – Сан Антонио 98:101 (по продолжение) и
 
ЛА Лејкерс – Бостон 95:115.
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 50-11 (победи-порази), Сан Антонио 47-13, Хјустон 43-19, Јута 38-24, ЛА Клиперс 36-25, Мемфис 36-26, Оклахома Сити 35-27, Денвер 28-33...
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 42-18 (победи-порази), Бостон 40-22, Вашингтон 36-24, Торонто 37-25, Атланта 34-27, Индијана 31-30, Чикаго 3-30, Детроит 29-32...