Кошарка
11. November 2015 - 10:40

НБА: Ноќ на повреди

Оклахома славеше во Вашингтон со 125:101, а мечот целосно мина во знакот на Вестбрук кој забележа ‘трипл дабл’ од 22 поени и по 11 скокови и асистенции. Триумфот на Оклахома го засени повредата на Дурент, кој кон крајот на првото полувреме го напушти теренот поради повреда на бутниот мускул. До повредата Дурент имаше учинок од 14 поени и 10 скокови.
 
Слично како и Дурент, нецело полувреме одигра и првата ѕвезда на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис. Тој ја напушти играта поради повреда на колкот, а тимот објави дека не се работи за фрактура.
 
Инаку, Њу Орлеанс славеше над Далас со 120:105 и ја забележа првата победа во сезоната. Во отсуство на Дејвис, Њу Орлеанс го предводеше Рајан Андерсон со 25 поени и 11 скокови.