Кошарка
23. April 2018 - 11:00

НБА: Њу Орлеанс прв во втората фаза од плеј-офот

Екипата на Њу Орлеанс со четири победи и ниту еден загубен меч од Портланд се пласира во во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.
Пеликаните синоќа славеа со 131-123 во меч во кој доминираше тандемот Ентони Дејвис со 47 и Џру Холидеј со 41 поен.
На спротивната страна Мекалум изброи 38 поени.
Во полуфиналето Њу Орлеанс ќе игра против  победникот од мечот Г.Стејт-Сан Антонио во кој шампионот води со 3-1.