Кошарка
22. March 2016 - 8:46

НБА: Неверојатен пресврт во Шарлот

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс направија неверојатен подвиг совладувајќи го тимот на Сан Антонио со 91-88 по негатива од дури 23 поени (7-30). Јунак во победата беше Џереми Лин со 29 поени.

Со овој триумф популарните „Хорнетс“ се доближија до плеј-офот.
На останатите средби Голден Стејт се провлече во Минесота каде победи со 109-104 додека Кливленд оствари лесна победа против Денвер со 124-91 предводен од Леброн Џејс кој оствари трипл-дабл, 33 поени , 11 скока и исто толку асистенции.
Детроит со звукот на сирената и поените на Драмонд го совлада  Милвоки со 92-91.