Кошарка
27. April 2018 - 11:43

НБА: Милвоки се избори за мајсторка

Екипата на Милвоки се избори за мајсторка против Бостон откако пред својата публика го доби 6. меч со 97-86.
Бакси ја презедоа иницијативата кон средината на втората четвртина но во последната делница Бостон се приближи на два поена (80-78).
Сепак извонредниот Јанис Адетукомбо не дозволи пресврт и извонредната игра ја запечати со 31 поен, 14 скока, 4 асистенции и две украдени топки.
Мајсторката се игра во сабота во Бостон а победникот од овој меч ќе игра против Филадефија.