-->
-->
НБА лига: „Трипл-дабл“ за Вестбрук, Јокиќ и Марк Гасол
-->
Првопласираните екипи во двете конференции во НБА лигата Кливленд и Голден Стејт на ноќеска одиграните дуели остварија победи. Кливленд ја совлада Јута, додека Голден Стејт беше подобар од Орландо. Во редовите на Кливленд по повредата се врати Кевин Лав и постигна 10 поени, а Голден Стејт со триумфот ја обезбеди титулата во Пацифик дивизијата.
Оваа вечер ја одбележаа и тројца играчи со „трипл-дабл“ и нивните екипи постигнаа победи. Расел Вестбрук го оствари 34.тиот сезонава против Торонто со 24 поени, 10 скокови и 16 асистенции. Никола Јокиќ од Денвер оствари: 17 поени, 14 скокови и 11 асистенции, додека Марк Гасол кај Мемфис „запиша“ 18 поени и по 10 скокови и асистенции.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Кливленд – Јута 91:83,
Торонто – Оклахома Сити 102:123,
Атланта – Мемфис 91:103,
Њујорк – Бруклин 110:121,
Денвер – ЛА Клиперс 129:114 и
Голден Стејт – Орландо 122:92.
Пласман Источна конференција: Кливленд 45-22 (победи-порази), Бостон 43-25, Вашингтон 41-26, Торонто 39-29, Атланта 37-31, Индијана 35-33, Милвоки 33-34, Детроит 33-35,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 54-14, Сан Антонио 52-15, Хјустон 47-21, Јута 43-26, ЛА Клиперс 40-29, Оклахома Сити 39-29, Мемфис 39-30, Денвер 33-35,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште