Кошарка
10. February 2017 - 8:14

НБА лига: Нов „трипл-дабл“ за Вестбрук овојпат за победа над шампионот

Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска постигнаа важна победа откако пред своите навивачи го победија првакот Кливленд.
 
Најрасположен за игра беше Расел Вестбрук, кој го „запиша“ 26-тиот „трипл-дабл“ сезонава: 29 поени, 12 скока и 11 асистенции. Одлична помош имаше и од соиграчите Виктор Оладипо 23 поени и од Стивен Адамс 20 поени и 13 скокови.
 
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
 
Оклахома Сити – Кливленд 118:109,
 
Шарлот – Хјустон 95:107,
 
Орландо – Филаделфија 111:112,
 
Далас – Јута 112:105 (продолжение),
 
Портланд – Бостон 111:120.
 
Пласман Источна конференција: Клиивленд 36-16 (победи-порази), Бостон 34-19, Вашингтон 31-21, Торонто 32-22, Атланта 31-22, Индијана 29-23, Чикаго 26-27, Детроит 25-28,...
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 44-8, Сан Антонио 40-12, Хјустон 39-17, Јута 34-20, ЛА Клиперс 32-21, Мемфис 33-22, Оклахома Сити 31-23, Денвер 23-29,...