Кошарка
13. February 2017 - 8:34

НБА лига: Њујорк поуспешен од Сан Антонио

Кошаркарите на Њујорк синоќа постигнаа важна победа во борбата за плеј офот совладувајќи го на домашен терен фаворитот Сан Антонио. Двата тима настапија без неколку повредени играчи Ноа (Њујорк), По Гасол (Сан Антонио).

Гостите од Сан Антонио имаа сигурна предност во првиот дел и до 10 поени, но во финишот на првото полувреме и почетокот на вториот дел Њујорк направи серија од 15-0 и избраниците на тренерот Џеф Хорначек успеаја да поведат. До крајот на натпреварот Њујорк имаше водство, со исклучок на неколку пати кога гостите имаа успеваа да изедначат.
Најефикасен на дуелот беше Каваи Ленард од Сан Антонио со 36 поени (1/7 за три поени, додека кај победникот најпрецизен беше Кармело Ентони со 25. Комплетната прва петорка на „никси“ Ентони, Порзингис, Роуз, Хернангомез и Ли во завршните минути одигра без грешка.
Лошиот шут за три поени 6/29 е една од причините за поразот на Сан Антонио.
Синоќа се одиграа уште три натпревари. Детроит во последната четвртина надомести -16 разлика и победи со 102:101 на гостувањето кај Торнто. Минесота го совлада Чикаго 117:89, а Сакраменто беше подобар од Њу Орлеанс 105:99.