Кошарка
4. April 2017 - 8:49

НБА лига: Минесота минимално го совлада Портланд

Во НБА лигата ноќеска се одигра само еден натпревар, кој беше одложен на 6.март. Екипата на Минесота ја прекина серијата од шест победи на Портланд и оствари триумф на домашен терен од 110:109 (29:23, 20:34, 37:26, 24:26).
Двоецот Карл – Ентони Таунс и Ендрју Вигинс беа најефикасни кај победникот со 34 односно 29 поени, додека во редовите на Портланд најпрецизен беше Дамиан Лилард со 25 поени. Портланд се наоѓа на осмото место на „Запад“ со сериозни шанси да ја задржи таа позиција со две победи повеќе и еден пораз помалку од Денвер.
Пласман во плеј офот имаа обезбедено 11 екипи: Бостон, Кливленд, Торонто, Вашингтон (Источна конференција), Голден Стејт, Сан Антонио, Хјустон, Јута, ЛА Клиперс, Оклахома Сити и Мемфис (Западна конференција).
Регуларниот дел на сезоната трае до 12.април, а на 15.април почнува плеј офот.