-->
-->
НБА лига: Лејкерси немаа сили за пресврт
-->
Кошаркарите на ЛА Лејкерс испуштија шанса да играат продолжение на гостувањето кај Сакраменто откако Лу Вилијамс (постигна 20 поени) не успеа да реализира тројка во последните секунди. Тие ноќеска лошо го почнаа натпреварот и по пет минути игра губеа со 21 разлика (25:4). Во третиот период предноста на Сакраменто беше и 27 поени (88:61). „Езерџиите“ направија и пресврт откако во неколку наврати имаа поен предност во последната четвртина, но немаа сили за победа. Демаркус Казнс со 29 поени, 10 скокови и 7 асистенции беше најдобар кај Сакраменто, додека Коби Брајант постигна 28 поени за ЛА Лејкерс.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Филаделфија – Атланта 98:126, Чикаго – Бостон 101:92, Хјустон – Јута 103:94 и Сакраменто – ЛА Лејкерс 118:115.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште