Кошарка
11. January 2016 - 8:46

НБА лига: Кливленд не го испушта првото место на Исток

Кошаркарите на Кливленд не го испуштаат првото место во Источната конференција. Тие ноќеска со рутинска игра го совладаа најслабиот тим во лигата Филаделфија на нејзин терен. Ова за Кливленд беше седма победа во серија, а повеќе има само ЛА Клиперс, кој ноќеска ја постигна и деветтата победа во низа.

Кливленд има 26 победи или четири повеќе од второпласираниот Чикаго.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Филаделфија - Кливленд 85:95,
ЛА Клиперс - Њу Орлеанс 114:111,
Минесота - Далас 87:93, 
Мемфис - Бостон 101:98,
Хјустон - Индијана 107:103, 
Њујорк - Милвоки 100:88, 
Денвер - Шарлот 95:92,
Портланд - Оклахома Сити 115:110,
ЛА Лејкерс - Јута 74:86.