Кошарка
19. March 2016 - 7:32

НБА лига: Кливленд и Оклахома Сити обезбедија плеј оф

Со победите на ноќешните дуели Кливленд и Оклахома Сити го потврдија учеството и сезонава во плеј офот на НБА лигата. Кливленд го победи Орландо на гости, додека Оклахома Сити предводена од Расел Вестбрук славеше кај Филаделфија. Вестбрук го оствари 13-тиот „трипл-дабл“ сезонава со 20 поени, 15 скокови и 10 асиситенции.

Победа ноќеска постигна и Голден Стејт тоа е вкупно 62.ра победа, а вечерва се игра и дербито на Запад (Сан Антонио - Голден Стејт).
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Орландо - Кливленд 103:109,
Филаделфија - ОклахомаСити 97:111,
Детроит - Сакраменто 115:108, 
Тороното - Бостон 105:91, 
Хјустон - Минесота 116:111, 
Њу Орлеанс - Портланд 112:117, 
Далас - Голден Стејт 112:130, 
ЛА Лејкерс - Феникс 90:95.
 
Плеј оф имаат обезбедено четири екипи: Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома Сити (Запад) и Кливленд (Исток). Без шанса за играње во завршницата се: ЛА Лејкерс, Феникс (Запад), Филаделфија и Бруклин (Исток).