Кошарка
28. March 2016 - 9:34

НБА лига: Клиперси во плеј офот, Голден Стејт со 66.та победа

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс со победата над Денвер остварена синоќа обезбедија пласман во плеј офот. Тие се шеста (четврта од Запад) екипа со обезбедено учество во доигрувањето. Претходно тоа го направија Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома Сити (Запад), Кливленд и Торонто (Исток).

Првакот Голден Стејт ноќеска пак ја совлада екипата со најслаб скор Филаделфија и ја забележа 66.та победа сезонава и продолжува да го „брка“ рекордот на Чикаго Булс (72-10 победи-порази).
 
Без шанси за пласман во плеј офот се осум екипи: Орландо, Милвоки, Њујорк, Бруклин, Филаделфија (Исток), Минесота, Феникс, ЛА Лејкерс (Запад).
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
ЛА Клиперс - Денвер 105:90,
Индијана - Хјустон 104:101, 
Сакраменто - Далас 133:111, 
Голден Стејт - Филаделфија 117:105,
ЛА Лејкерс - Вашингтон 88:101.