Кошарка
14. February 2017 - 8:30

НБА лига: Јокиќ и Шариќ ја одбележаа вечерта

Играчите на Денвер Никола Јокиќ и на Филаделфија Дарио Шариќ оставија белег на ноќешните дуели во НБА лигата. Јокиќ за Денвер го оствари својот втор „трипл-дабл“ во кариерата, додека Шариќ како играч од клупата заврши со „дабл-дабл“.

Јокиќ беше најзаслужниот за победата над најдобриот тим во лигата Голден Стејт. Тој имаше 17 поени, 21 скок и 12 асистенции.
Шариќ кој влезе како играч од клупата против Шарлот за Филаделфија постигна 18 поени со 11 скокови.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:

Портланд – Атланта 104:109 продолжение

Феникс – Њу Орлеанс 108:110

Јута – ЛА Клиперс 72:88

Денвер – Голден Стејт 132:110

Далас – Бостон 98:111

Милвоки – Детроит 102:89

Вашингтон – Оклахома Сити 120:98

Мајами – Орландо 107:116

Бруклин – Мемфис 103:112

Индијана – Сан Антонио 106:110

Шарлот – Филаделфија 99:105.