Кошарка
27. March 2017 - 10:49

НБА лига: Хјустон подобар од Оклахома Сити

Екипата на Хјустон ноќеска постигна нова победа совладувајќи ја дома Оклахома Сити. Кошаркарите на домашниот тим натпреварот го завршија со просек на шут од игра од 63 проценти, а притоа погодија и 20 тројки и имаа 32 асистенции. Џејмс Харден кај Хјустон постигна 22 поена со 12 асистенции, а најпрецизен беше „резервистот“ Лу Вилијамс со 31 поен, додека кај поразената екипа Расел Вестбрук го „запиша“ 36.тиот „трипл-дабл“ – 39 поени, 11 скокови и 13 асистенции.
Важна победа во борбата за осмото место на „Запад“ постигна Портланд, кој го искористи поразот на Денвер и сега се наоѓа пред него на табелата во оваа конференција.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Шарлот – Феникс120:106, Атланта – Бруклин 92:107, ЛА Клиперс – Сакраменто 97:98, Милвоки – Чикаго 94:109, Хјустон – Оклахома Сити 137:125, Индијана – Филаделфија 107:94, Бостон – Мајами 112:108, Голден Стејт – Мемфис 106:94, Денвер – Њу Орлеанс 90:115 и ЛА Лејкерс – Портланд 81:97.
Пласман Источна конференција: Кливленд 47-25 (победи-порази), Бостон 48-26, Вашингтон 45-28, Торонто 44-29, Атланта 37-36, Милвоки 37-36, Индијана 37-36, Мајами 35-38, Чикаго 35-39, Детроит 34-39,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 59-14, Сан Антонио 56-16, Хјустон 51-22, Јута 44-29, ЛА Клиперс 44-31, Оклахома Сити 41-31, Мемфис 40-33, Портланд 35-38, Денвер 35-38,...