Кошарка
1. April 2017 - 10:31

НБА лига: Г.Стејт пак подобар од Хјустон

Во НБА лигата ноќеска се одиграа 11 натпревари, а гостите остварија само две победи. Поуспешни од своите „домаќини“ беа: Њујорк и Сан Антонио. Расел Вестбрук го постигна својот 39.ти „трипл-дабл“ сезонава: 32 поена, 15 скокови и 12 асистенции, а во дербито на вечерта Голден Стејт беше подобар од Хјустон.
 
На ноќеска одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Шарлот – Денвер 122:114, Торонто – Индијана 111:100, Бостон – Орландо 117:116, Кливленд – Филаделфија 122:105, Мемфис – Далас 99:90, Мајами – Њујорк 94:98, Милвоки – Детроит 108:105 (по продолжение), Њу Орлеанс – Сакраменто 117:89, Оклахома Сити – Сан Антонио 95:100, Јута – Вашингтон 95:88 и Голден Стејт – Хјустон 107:98.
 
Пласман Источна конференција: Бостон 49-27 (победи-порази), Кливленд 48-27, Торонто 46-30, Вашингтон 46-30, Милвоки 40-36, Атланта 39-36, Мајами 37-39, Индијана 37-39, Чикаго 36-39,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 62-14, Сан Антонио 58-17, Хјустон  51-25, Јута 47-29, ЛА Клиперс 46-31, Оклахома Сити 43-32, Мемфис 42-34, Портланд 37-38,...