-->
-->
НБА лига: Голден Стејт продолжи да победува
-->
Четирите првопласирани екипи од Западната конференција во НБА лигата ноќеска остварија победи на дуелите кои ги одиграа на домашен терен. Сите четири тима постигнаа двоцифрени победи.Шампионот Голден Стејт предводен од Клеј Томсон (43 поени) и Стеф Кари (25 поени), кои заедно постигнаа 68 поени го совлада Феникс. Томсон 27 од 43-те поени ги постигна во третиот период.
ЛА Клиперс беше подобар од Милвоки, Сан Антонио славеше над Вашингтон, додека Оклахома Сити го совлада Портланд.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Индијана – Далас 107:81,
Орландо – Шарлот 113:98,
Бруклин – Мајами 98:104,
Детроит – Бостон 119:116,
Њујорк – Минесота 107:102,
Атланта – Филаделфија 127:106,
Чикаго – Мемфис 98:85,
Оклахома Сити – Портланд 106:90,
Сан Антонио – Вашингтон 114:95,
Јута – Њу Орлеанс 94:104,
Голден Стејт - Феникс 128:103 и
Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 103:90.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Под велешка „Агриа“ од патот излета автомобил, повредено 19 годишно момче
-
ЛШ: Ливерпул и Реал во битка за пехарот на УЕФА
-
Силно невреме во делови на земјата, ЦУК со предупредување до граѓаните
-
Приведен дилер од Куманово, одземени кокаин, марихуана и околу 50.000 денари
-
Во Враништа до електричен ормар пронајдено е починато лице
-
Денис Шмихал: Во Украина во моментот не функционира околу 25 отсто од економијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Хаваријата која се случи во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ
-
Во стампедо пред црква во Нигерија загинаа 31 лице