Кошарка
7. March 2017 - 9:50

НБА лига: Дербито за Сан Антонио

Во НБА лигата ноќеска се одиграа 11 натпревари, а еден беше одложен поради лизгав под. Сан Антонио во неизвесна завршница го совлада Хјустон, најмногу по заслуга на Каваи Ленард кој ги постигна последните пет поени за „Спарс“.
 
На другиот дерби дуел Мајами го совлада актуелниот првак Кливленд и ова е втора победа за „жешките“ над шампионот во последните три дена.
 
Постигнати резултати: 
Кливленд – Мајами 98:106,
Орландо – Њујорк 105:113,
Филаделфија – Милвоки 98:112,
Атланта – Голден Стејт 111:119,
Детроит – Чикаго 109:95,
Шарлот – Индијана 100:88,
Мемфис – Бруклин 109:122, 
Сан Антонио – Хјустон 112:110,
Денвер – Сакраменто 108:96,
Јута – Њу Орлеанс 88:83 и
ЛА Клиперс – Бостон 116:102.
 
Одложен е натпреварот Минесота – Портланд.
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-11 (победи-порази), Сан Антонио 49-13, Хјустон 44-20, Јута 40-24, ЛА Клиперс 38-25, Мемфис 36-28, Оклахома Сити 35-28, Денвер 29-34,...
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 42-20 (победи-порази), Бостон 40-24, Вашингтон 37-24, Торонто 37-26, Атланта 34-29, Индијана 32-31, Чикаго 31-32, Детроит 31-32,...