Кошарка
22. February 2016 - 10:03

НБА лига: Дејвис со рекордни сезонава 59 поени

Кошаркарот на Њу Орлеанс Ентони Дејвис постигна рекордни сезонава 59 поени во победата на својата екипа на гостувањето против Детроит (111:106). Дејвис покрај 59-те поени имаше и 20 скокови и стана трет играч со ваков учинок по Шекил О‘Нил и Крис Вебер.

Воедно ова е и негов рекорд и рекорд по бројот на поени на екипата Њу Орлеанс. Претходниот рекорд го имаше Џамал Мешбурн - 50 поени пред 13 години против Мемфис.
Рекордни беа и неговите 19 поени во последниот период во Оуборн Хилс, а соборен е и рекородот на Леброн Џејмс во оваа сала од 48 поени на еден натпревар.