Кошарка
6. January 2016 - 9:06

НБА лига: Далас по две продолженија го победи Сакраменто

Со тројката на Дерон Вилијамс на 3 десетинки пред крајот на второто продолжение Далас успеа да ситгне до минимална победа над Сакраменто. Гостите во последните 80 секунди испуштија предност од седум поени (116:109) и дозволија да примат две тројки и една двојка. Вилијамс дуелот го заврши со 25 поени, додека кај Сакраменто најефикасен беше Казнс со 35.
Шампионот Голден Стејт „запиша“ уште една победа и од 35 натпревари има 33 победи.
 

Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Далас - Сакраменто 117:116 (по две продолженија),
Атланта - Њујорк 101:107,
Чикаго - Милвоки 117:106,
ЛА Лејкерс - Голден Стејт 88:109.