НБА лига: Бостон го победи Голден Стејт на негов терен | Сител Телевизија
Кошарка
2. April 2016 - 9:50

НБА лига: Бостон го победи Голден Стејт на негов терен

Кошаркарите на Бостон со ноќешната победа успеаја да ја прекинат серијата од 54 триумфи на Голден Стејт на домашен терен. Првакот загуби со 109:106 пред своите навивачи по цели 14 месеци. Голден Стејт сега има скор од 68-8 (победи-порази) и има шанси да го собори рекордот на Чикаго Булс од 72-10 од 1995/96 година. Најдобриот домашен играч Стеф Кари го промашни шутот за три поени во последниот напад, а со 29 поени сепак беше најефикасен. Кај Бостон Ајзеа Томас постигна 22 поена.
 
Леброн Џејмс со 29 поен учествуваше во победата на Кливленд над Атланта и сега со 26.718 поени се проби на 11.место на вечната листа на стрелци во НБА лигата и го мина Оскар Робертсон 26.710 поени. Атланта и покрај поразот обезбеди место во плеј офот.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Шарлот – Филаделфија 100:91, Детроит – Далас 89:98, Њујорк – Бруклин 105:91, Атланта – Кливленд 108:110 (по продолжение), Мемфис – Торонто 95:99, Милвоки – Орландо 113:110, Јута – Минесота 98:85, Сакраменто – Мајами 106:112, Голден Стејт – Бостон 106:109 и Феникс – Вашингтон 99:106.
 
Пласман Источна конференција:
Кливленд 54-22 (победи-порази), *
Торонто 51-24, *
Атланта 45-32, *
Мајами 44-31,
Шарлот 44-31,
Бостон 44-32,
Детроит 40-36,
Индијана 39-36,
-------------------------------------------
Чикаго 38-37,
Вашингтон 37-39,...
Пласман Западна конференција:
Голден Стејт 68-8, *
Сан Антонио 63-12,* 
Оклахома Сити 53-23, * 
ЛА Клиперс 47-28, *
Мемфис 41-35,
Портланд 40-36,
Далас 38-38,
Јута 38-38,
--------------------------------------------
Хјустон 37-39,... 
 
* екипи кои имаат обезбедено пласман во плеј оф