Кошарка
18. December 2015 - 9:33

НБА лига: 33 поени за Џејмс за нова победа на Кливленд

Кошаркарите на Кливленд предводени од Леброн Џејмс ноќеска пред своите навивачи постигнаа победа од 104:100 (26:28; 20:19; 28:31 и 30:22) во дуелот со Оклахома Сити. Џејмс натпреварот го заврши со 33 поени, 11 скокови и 9 асистенции, додека уште пет негови соиграчи имаа двоцифрен број поени. Кај гостите „триото“ Расел Вестбрук (27 поени), Кевин Дјурант (25) и Серхио Ибака (23) со својот учинок беа недоволни за победа.
Кливленд со триумфот се зацврсти на првата позиција на табелата во источната конференција.
На другите два дуела: Шарлот – Торонто 109:99 и ЛА Лејкерс – Хјустон 87:107.