Кошарка
23. March 2016 - 8:21

НБА лига: 15.ти „трипл-дабл“ за Вестбрук сезонава

Уште една блескава партија одигра играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук завршувајќи го дуелот со Хјустон со „тропл-дабл“ -21 поен, со 15 скокови и 13 асистенции. Ова за него е 15.ти сезонава, а вкупно 34.ти во кариерата. Оваа година Оклахома има биланс од 15-0, кога Вестбрук има три двоцифрени бројки, а во кариерата скорот е 30-4. Повеќе од него во една сезона има Меџик Џонсон 17, а се изедначи со Мајкл Џордан 15.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Оклахома Сити – Хјустон 111:107, 
Бруклин – Шарлот 100:105,
Њу Орлеанс – Мајами 99:103 и
ЛА Лејкерс – Мемфис 107:100.