Кошарка
13. December 2015 - 10:30

НБА: Конечно поразен Г.Стејт

Кошаркарите на Голден Стејт по одличната серија од 24 победи конечно доживеаја пораз во НБА лигата. 

Нивната серија ја прекина Милвоки кој пред својата публика победи со 108-95.
Бакси до големата победа ги предводеше Грег Монро со 28 поени, 11 скокови и 5 асистенции. На спротивната страна Кари имаше ужасна шутерска вечер 10/21 и заврши на 28 поени 7 скока и 5 асистенции.