Кошарка
30. March 2019 - 10:44

НБА: Кога ќе се разигра Јокиќ

Екипата на Денвер Нагетс ја забележа 51. победа во сезоната над тимот на Оклахома Сити со 115-105. Нова одлична партија имаше Србинот Никола Јокиќ со 23 поени и 16 скока. Освен него, предводник на „нагетси“ до победата беше Џемал Мареј со 27 поени, 5 скока и 9 асистенции.

Кај Оклахома Вестбрук имаше 27 поени, а Пол Џорџ реализираше 25 поени.

Голема драма се одвиваше во Минесота каде домаќините го совладаа тимот на Голден стејт по продолженија, 131-130.
Минесота до победата стигна на половина секунда до крајот по дискутабилниот фаул на Дурент на Таунсон. Вигинс беше најпрецизн кај „волците“ со 24 поени. Кај актуелните шампиони Стеф Кари забележа 37 поени.

Бостон во дербито на Истокот славеше над Индијана со 114-112 со кошот на Кајри Ирвинг во последната секунда. Ирвинг мечот го заврши со 30 поени, додека на спротивната страна Бојан Богдановиќ имаше учинок од 27 поени.

Останати резултати:
ЛА Лејкерс – Шарлот 129-115
Јута – Вашингтон 128-124
Атланта – Портланд 98-118