Кошарка
6. May 2018 - 11:24

НБА: Кливленд поведе со 3-0 против Торонто

Во драматичен натпревар на кој решаваа секундите Кливленд славеше со 3-0  против Торонто откако го доби првиот меч на свој терен со 105-103. Мечот го реши Леброн Џејмс во последната секунда од мечот откако претходно Репторски

 израмнија преку дебитантот О Џи Ануноби со тројка на осум секунди пред крајот.

Кралот Џејмс постигна вкупно 38 поени и доминираше заедно со Кевин Лав кој оствари 21 поени и 16 скока додека кај Торонто се истакна Кајл Лаури со 27 поени.

https://

  Четвртиот натпревар е во понеделник, и Торонто е пред силен предизвик – од 129 тимови во НБА историјата кои губеле со 3:0, ниту еден не успеал да се врати за победа.

До убедлива 3:0 предност стигнаа и Бостон селтикс, кои во „Велс Фарго центарот“ со 101:98 го совладаа тимот на Филаделфија Сиксерс за да се доближат до финалето на Истокот.