Кошарка
4. јуни 2018 - 11:02

НБА: Кливленд го загуби и вториот финален меч

Апсолутна доминација на шампионот пред својата публика во вториот финален меч за шампионскиот прстен против Кливленд. 

Голден Стејт победи со 122-103 и сега води со 2-0 пред преселбата на карванот во Кливленд.
Ова беше вечер на Стеф Кари кој постигна 33 поени од кои 9 тројки што е нов рекорд на финалето. 
На спротивната страна Џејмс стигна до 29 поени и 13 асистенции.