-->
-->
НБА: Кари се врати со 23 поени
-->
Еден од најдобрите играчи во НБА лигата Стеф Кари по пауза од четири месеци и пропуштени 58 натпревари се врати во тимот на Голден стејт Вориорс, но не успеа да му помогне на тимот да избегне пораз од Торонто Репторс 121:113.
Вориорс пред своите навивачи успеаја да им пружат добар отпор на актуелните шампиони, но без Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин не можеа да приредат изненадување.
Кари мечот го заврши со 23 поени и по седум скока и асистенции, постигна три тројки од 12 обиди. Ист број на поени кај Вориорс забележа и Делион Ли, додека Ендру Вигинс постигна 21 поен.
Репторс ги предводеше Норман Пауел со рекордни во кариерата 37 поени, Кај Лаури запиша 26 поени и 10 асистенции.
Во Лос Анџелес, Клиперс во дербито го декласираа Хјустон со 120:105. Конечниот резултат не го отсликува она што се случуваше на теренот бидејќи Клиперс во последниот период имаа предност од 30 поени (107:77).
Каваи Ленард забележа 26 поени, шест скока и пет асистенции, Мотрезел Херел постигна 19, а Ивица Зубац 17 поени и 12 скока.
Екипата од Тексас ја предводеше Расел Вестбрук со 29 поени, 15 скока и пет асистенции, додека Џејмс Харден уфрли само 16 поени.
Денвер Нагетс со многу труд успеаја да го скршат отпорот на Шарлот Хорнетс 114:112. Клучен човек на Нагетс беше Никола Јокиќ кој осум од своите 14 поени постигна во последните пет минути, а последните поени на мечот ги постигна Џамал Мареј на шест секунди до крајот.
Мареј со 18 поени ги предводеше Нагетс, два поени помалку реализираше Вил Бартон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата