Кошарка
3. December 2021 - 12:14

НБА: Историска победа на Мемфис

Кошаркарите на Мемфис гризлис против Оклахома сити тандер забележаа победа со најголема разлика во историјата на НБА-лигата. Гризлис, без својот најдобра играч Џа Морент, победија со 152:79.
 
Мемфис буквално ја растури Оклахома, во финишот на натпреварот неговата предност изнесуваше 78 поени. Претходниот рекорд, од 1991 година, беше во сопственост на Кливленд (148:80) против Мајами Хит.
 
До победата Гризлиси ги предводеа Џарен Џексон со 27, Диентони Мелтон со 19 и Санти Алдама со 18 поени.
 
Мемфис се петти на Западот со 12 победи и 10 порази, Оклахома со шест победи и 16 порази се наоѓа на 16.место.