Кошарка
7. May 2019 - 12:34

НБА: Хјустон израмни во серијата со Г.Стејт

Хјустон Рокетс го победи Голден стејт Вориорс 112:108, што значи дека го израмни резултатот во полуфиналната серија во Западната конференција на 2:2.

Харден и екипата од средината на втората четвртина ја контролираа играта, во третата имаа двоцифрена предност, која ја одржуваа и во последниот квартал. Сепак, Вориорс успеа да се врати во мечот, Харден на 11 секунди до крајот погоди едно слободно фрлање за 111:108.

Вориорс имаше акција преку Дурент, кој не успеа да обезбеди продолжение, потоа се обиде и Кари, но и тој не погоди.

Харден со 38 поени, 10 скока и 4 асистенции беше најефикасен кај Хјустон, Ерик Гордон постигна 20, Пи Џеј Такер 17, а Крис Пол забележа 13 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Дурент со 34 поени го предводеше Голден стејт, Кари постигна 30, Грин имаше 15 поени и 10 скока, а потфрли Томпсон, кој постигна само 11 поени.