Кошарка
28. December 2018 - 16:18

НБА: Харден незапирлив, Богдановиќ јунак на Сакраменто

Извонредна вечер во НБА лигата на  Џејмс Харден и Богдан Богдановиќ.  Ѕвездата на Хјустон го предводеше својот тим до победа над Бостон од 127- 113 со 45 постигнати поени со што го продолжи инзвонредниот просек  на последните 8 натпревари на кои постигнува повеќе од 30 поени. Покрај Харден добро одиграа и Капела со 24, односно Гордон со 20 поени.  Во редовите на Бостон најзабележителен беше Кајри Ирвинг со 23 поени и 11 асистенции.

И Сакраменто има свој јунак, тоа е Богдан Богдановиќ кој со тројка во последната секунда донесе победа за „кралевите“  во дуелот со ЛА Лејкерс  од 117-119.

            Првата тројка со истекот на сирената донесе голема радост кај домашните фанови иако противникот играше без својата најголема ѕвезда  Леброн Џејмс. Причина е секако огромната предност од 15 поени што тимот од Лос Анџелес ја имаше на полувремето.

            Богдановиќ  постигна 23 поени од кои 12 во последните 5 минути од мечот.