НБА: Г.Стејт во конференциско финале
Шампионот Голден Стејт ќе игра ново финале на Западот со победата над Хјустон Рокетс 4-2. Шестиот меч од серијата се одигра во Хјустон, а Вориорс победија 118:113.
Актуелните шампиони ја остварија намерата да не им дозволат седми меч на Хјустон. Клуч за победата беше Стеф Кари, кој во отсуство на повредениот Кевин Дурент, ја презеде одговорноста до второто полувреме.
Голден стејт Вориорс победникот го решија во последниот период, откако на полувреме резултатот беше нерешен, а во последната четвртина Хјустон имаа пет поени предност. Решавачкиот период им припадна на Ворирос со десет разлика за конечен триумф и пласман во конференциското финале.
Кари прв пат оваа сезона не постигна ниту еден поен во првото полувреме, но се разбуди во второто во кое реализираше 33 поени. Одличен меч одигра и неговиот партнер од бековската линија Клеј Томпсон кој постигна 27 поени (7/13 за три).
На спротивната страна се истакна Џејмс Харден со 35 поени, а Крис Пол го одигра најдобриот меч во серијата и забележа 27 поени.
Противник на Ворирос во конференциското финале ќе им биде победникот од серијата помеѓу Денвер и Портланд.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари