Кошарка
23. November 2015 - 8:59

НБА: Голден Стејт со најдобар старт во историјата

Кошаркарите на првакот Голден Стејт ја запишаа и 15-та победа од стартот на сезоната и ова за нив е нов најдобар почеток на една сезона. Тие ноќеска го победија Денвер на гости со 118:105. Тие го изедначија нивниот рекорд од сезоната 1948/49 и рекордот на Хјустон од 1993/94.

Клеј Томсон беше најефикасен со 21 додека Стеф Кари постигна 19. Кај Денвер „дабл-дабл“ имаше Никола Јокиќ со по 11 поени и скокови.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: 
ЛА Клиперс - Торонто 80:91,
Бруклин - Бостон 111:101,
Њу Орлеанс - Феникс 122:116,
Оклахома Сити - Далас 117:114 и
ЛА Лејкерс - Портланд 93:107.
Вечерва се играат седум натпревари.