Кошарка
25. November 2015 - 8:55

НБА: Голден Стејт прв тим со старт од 16-0

Шампионот на НБА лигата Голдн Стејт постави нов рекорд откако триумфираше и на 16.тиот натпревар од стартот на сезоната. Голден Стејт е без пораз со скор од 16-0 и со тоа го надмина рекордот што го имаше овој тим во сезоната 1948/49 и Хјустон од сезоната 1993/94 со стартни 15 победи.

Стеф Кари со 24 поени и 9 асистенции беше најдобриот на теренот во победата на својата екипа.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Голден Стејт - ЛА Лејкерс 111:77, 
Вашингтон - Индијана 106:123, 
Атланта - Бостон 121:97,
Мемфис - Далас 110:96,
Денвер  ЛА Клиперс 94:111,
Портланд - Чикаго 88:93.