Кошарка
26. јуни 2018 - 12:36

НБА ги прогласи најдобрите

Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата, додека најдобар дебитант е играчот на Филаделфија ’76, Бен Симонс.

Харден, во регуларниот дел од минатата сезона, во просек по натпревар бележел по 30,4 поени, 8,8 асистенции и 5,4 скока. Тој го предводеше Хјустон до првото место во лигата со 65 победи и 17 порази. Сепак Рокитс не успеаја да го минат финалето во Западната конференција.

Харден до признанието дојде пред Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс.

Харден е првиот играч на Хјустон по 1994 година што го добил ова престижно признание.