Кошарка
19. February 2021 - 10:57

НБА ги објави составите за „Ол-стар“ натпреварот

На официјалната веб-страница на НБА денес се објавени имињата на кошаркарите кои ќе бидат дел од стартни петорки на „Ол-стар“ натпреварот.

Западната конференција ќе ја претставуваат Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Далас), Никола Јокиќ (Денвер) и Кавај Ленард (Клиперс).

За Источната конференција во првата петорка ќе настапат: Кевин Дурант (Бруклин), Јанис Адетокунбо (Милвоки), Бредли Бил (Вашингтон), Џоел Ембид (Филаделфија) и Кајри Ирвинг (Бруклин).

Натпревaрот ќе се одржи на 7 март во Атланта.